Ракија како еликсир на животот
„Водата на животот, огнената вода, духот на зачините„ – ракијата имала многу имиња и форми во текот на историјата и е популарна кај многу култури. Иако инхерентно популарно во Југоисточна Европа, ова не е единствената локација каде што се славела ракијата.
Први кои создале ракија веројатно биле Азијците, кои консумирале ферментирано млеко од кобила наречено кумис, а преку дестилација го претворале млекото во ракија, инаку позната како каракумус.
Во 15 век ракијата се сметала за еликсир на животот. И фармацевтите и алхемичарите ја сметале ракијата како волшебна напивка која го продолжува животниот век.
Сепак, нејзината комерцијална употреба започнува околу 17 век, кога Луј XIV им дозволил на производителите на оцет да произведуваат ракија. По ова, ракијата била избор на пијалок за силните војници, а како што растел бројот на битките, растела и комерцијалната побарувачка за ракија.
Денес ракијата Катерина Велика ја оживува трпезата во секоја прилика и со секоја голтка ја буди македонската традиција.
КАТЕРИНА ВЕЛИКА X Youth Senate International
Катерина Велика, како бренд со голема социјална визија, и невладината организација Youth Senate International имаат воспоставено убаво партнерство со намера, фокусирано на јасен резултат.
Непрофитната организација работи на активно вклучување на младите во општеството, со акцент на младите со географски и економски пречки преку промовирање на неформалното образование и овозможување можности за интеркултурно образование. Целта на партнерството е да ги подобри можностите на младите за меѓународна размена и искуство и да помогне во зајакнувањето на младите претприемачи.
Повеќе информации за програмите и проектите: www.youthsenateinternational.org